Го викаат Супермен: На 10 години го сруши 23 години стариот рекорд на Мајкл Фелпс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кларк Кент Апуада има само 10 години, а веќе успеа да го сруши 23 години стариот пливачки рекорд на легендата Мајкл Фелпс на Меѓународниот пливачки шампионат во Калифорнија.

Тој на трката на 100 метри пеперутка исплива со време од 1:09.38 минути, односно за повеќе од секунда побрзо од рекордот што на таа возраст го постави Мајкл Фелпс во 1995 година.

Младиот пливач освен со постигнувањата го привлече вниманието на јавноста и со своето име Кларк Кент, а очекувано прекарот му е „Супермен“.

Успехот на Кларк му го честиташе и Мајкл Фелпс преку Твитер.