Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Епл стана првата компанија на берзата коај достигна вредност од еден трилион долари (со бројки – 1.000.000.000.000 долари).
За технолошкиот гигант кој ја дефинира и обликува технолошката сегашност на модерното време овој подвиг беше незамислив во 1997 година, кога Apple беше на раб на банкрот, а акциите се движеа под еден долар.
За да преживее, компанијата на челната позиција го врати својот основач – Стив Џобс, кој потоа ги претстави популарните производи како ајпод и ајфон, со што доведе до подем на фирмата.
Акциите на Епл пораснаа за 2,7 отсто и достигнаа вредност од 207,05 долари. од почетокто на годинава, акциите на компанијата забележаа пораст од 22 отсто.