Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Списанието Forbes и оваа година ја состави својата листа со најплатени диџеи на светот.
Електронската музика последниве години е на врвот од својата популарност, додека многумина упорно тврдат дека диџеите не се никакви музичари, туку само „стискачи на копчиња“. Тие пак, без проблем ги полнат стадионите и фестивалите ширум светот, а нивната заработка се мери во милиони долари, но на врвот, според заработката, секогаш има место само за еден.
Forbes направи листа од 15 најплатени диџеи на светот, а разликата помеѓу 15-от на листата и оној првиот, најплатениот, е неверојатни 38 милиони долари. На врвот, очекувано, се најде Калвин Херис.
„Калвин Херис е на првото место шест години по ред, овој пат со заработка од 48 милиони долари годишно, а во Лас Вегас за еден настап заработува шестцифрени суми, додека како водечко име на фестивалите од Јапонија до Европа, за настап бара седумцифрени суми. Веднаш зад него се Chainsmokers со 45,5 милиони долари годишна заработка“, пишува Forbes.
Комплетната листа со топ 15 најплатени диџеи на светот изгледа вака:
15. Afrojack – 10 милиони долари
14. Dimitri Vegas & Like Mike – 10,5 милиони долари
13. DJ Snake – 11 милиони долари
12. Kygo – 11,5 милиони долари
11. Axwell Λ Ingrosso – 12 милиони долари
10. Martin Garrix – 13 милиони долари
9. Kaskade – 13,5 милиони долари
8. David Guetta – 15 милиони долари
7. Diplo – 20 милиони долари
6. Zedd – 22 милиони долари
5. Marshmello – 23 милиони долари
4. Steve Aoki – 28 милиони долари
3. Tiësto – 33 милиони долари
2. The Chainsmokers – 45,5 милиони долари
1. Calvin Harris – 48 милиони долари