Новата сезона започнува со големото дерби Шкендија – Вардар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија, беше извршена ждрепка за новиот шампионат во Првата лига.

Ждрепката сакаше првенството да започне со големото дерби помеѓу шампионот Шкендија и Вардар во Тетово.

Во останатите натпревари од првото коло во македонското првенство ќе се сретнат Работнички – Ренова, Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија ЃП и Силекс – Шкупи.

Првото коло во ПМФЛ се игра на 12. август (недела) со почеток во 17 часот.

Подоцна ќе биде објавен целиот распоред на натпреварите во есенскиот дел од сезоната.