Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
25-годишната Кимберли Мартинез апсолутно ги заслужува описите „мајка од пеколот“ и „мајка-монструм“, како што ја нарекуваат во медиумите пренесувајќи ја приказната за нејзиното бизарно убиство на своето женско бебенце.
„Ја отрув Пејтон зошто во тој момент ми беше најлиску“, призна пред Кимберли пред истражните органи. Оваа жена-монструм од Јужна Каролина е осудена на 30 години затвор за убиство на своето 17-месечно бебе.
Нејзината 17-месечна ќерка Пејтон почина во јули 2016 година зошто кимберли и дала смртоносно количество сол. Поради труењето на бебето му откажал мозокот, а докторите пет дена се бореле за нејзиниот живот.
Кимберли Мартинез во полиција рече дека малата Пејтон и нејзината сестра близначка паднале во вреќа со сол која била отворена. Меѓутоа нејзиниот четиригодишен син подоцна на детективите им рекол дека неговата мајка ја храни Пејтон со сол и до детали опишал како изгледа вреќичката од која Мартинез со лажица вади сол.
Детективите потоа пронајдоа вреќичка која детето ја опишало, под перницата на каучот, а мајката монструм го признала злосторството. Мартинез признала дека ја хранела Пејтон со големо количество сол за да го принуди мажот да и се врати по разделбата.
Малечката Пејтон починала како последица од хипернатремија која настапува кога има премногу сол во крвотокот. Тоа потоа доведува до смалување на келиите зошто водата излегува од нив, а потоа и до кинење на крвните садови зошто ќелиите се изместени од својата нормална локација.
Хипернатремијата најчесто се јавува кога луѓето не пијат доволно вода. Децата посебно се чувствителни зошто бубрезите се уште не им се доволно развиени за да ја обработат дополнително солта во својата исхрана, така што на родителите им се советува да не додаваат сол во било која храна готвена за бебиња.
Грижата за постариот брат на несреќната Пејтон и нејзината сестра ја презеде надлежниот центар за социјална работа. Мартинез во средата е осудена на 30 години затвор и ќе мора да издржи 85 отсто од својата казна пред да стекне право на условно ослободување.