Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанската компанија Ferrero Rocher, која го произведува и култниот крем од чоколадо и лешници, Nutella, распиша оглас за вработување на 60 лица чија работна обврска ќе биде да ги јадат и оценуваат нивните слатки производи.
Огласот беше објавен на порталот Open Jobs Metis, а во описот стои дека дегустаторите ќе јадат какао, лешник во прав и останати слатки полупроизводи. Исто така, се наведува дека идеални кандидати за овие работни места се оние кои сакаат да научат како да ги вкусуваат овие производи и да ги оценуваат истите.
Избраните кандидати ќе минат низ тримесечна платена обука која почнува во септември, на која ќе научат да мирисаат и јадат, како и да ги развијат своите можности со зборови да го изразат она што го пробуваат при дегустацијата на овие производи.
После завршувањето на курсот, најуспешните кандидати ќе бидат вработени на четири часа неделно, во Алба, на северот од Италија.