Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најочигледните знаци дека би требало да останете со момчето се неговите реакции по сексот.
Жените се постојано во потрага за идеален љубовник со кој ќе можат да изградат стабилна врска. Често се случува сексот да биде добар, но подоцна да сфатат дека момчето со кое имале страствен однос всушност не е материјал за нешто сериозно. Еве како, според една анкета спроведена на стотина жени од различна доба, се однесува идеалниот љубовник кој притоа дава и емотивен влог.
Бакнежи
Бакнежите можат да се покажат, да се препознаат и да изразат баш се. Понекогаш ја доживуваме предиграта како препрека која треба да се прескокне пред целта. Меѓутоа ако бакнежите се толку добри да прејдете на сексот и пред да сфатите дека предиграта изостанала, тогаш е тој оној со кој се љубите вреден секое ваше внимание.
Внимание
Внимателно го следи вашето расположение и се однесува во складност со вашите желби. Предиграта е неопходен вовед во оргазмот за многу жени. Ако момчето избере само она што сака, а не се потруди да провери дали тоа и се допаѓа на жената, тоа не е добар знак. Толку е занесен во своето задоволство што потребите на партнерката ги остава на сстрана. Не постои ништо полошо од момче кое со мехнички потези стигнува само до личното задоволство. Од друга страна, момчето кое е подготвено да се препушти на расположението и ситуацијата, секако е вреден да се задржи.
Сака да дели
Задоволството на партнерката му е поважно од своето. Момче кое вреди да се задржи максимално се труди да ја задоволи својата партнерка. Ќе биде трпелив нема да создава притисок. Ако на жената и треба малку повеќе време, трпеливо ќе предложи да направат пауза. По малку мазење, ќе продолжи каде застанале со повеќе енергија и сексуален набој.
Обожување
Неговото однесување и влева самодоверба на жената. Поради него жената се чувствува сигурна во себе бидејќи ја остава да биде на врвот во текот на сексот. Во оваа поза сексот е многу возбудлив и мажот кој вреди да се задржи тоа го знае и затоа ја охрабрува. Тој покажува дека му се допаѓа нејзиното тело во сите пози, и ги милува градите и ги бакнува и ја приближува до своите гради.
Искреност
Ако жената со него може да зборува за најлудите фантазии и да ги проба, тогаш тоа е знак дека има здрава основа за иднина. Исто така, доколку искрено ги изнесува своите фантазии, но и сомнежи и несигурности, значи дека и верува, но и дека е доволно сексуално зрел и дека не глуми.
Посветеност
Заинтересиран е за се што ја вклучува неговата партнерка. Клучна работа за добра посветеност не е само физичкиот секс. Во прашање се погледи, контакти со очите, разговор пред и по сексот, меѓусебната заинтересираност и поврзаност. Ако тој со едно око гледа натпревар додека таа му шепоти нежности на уво, се е јасно: не е фокусиран ниту на партнерката ниту на нејзините чувства.
Моменти по сексот
Еден од најочигледните знаци дека би требало да остане со момчето се неговите реакции по сексот. Единствени моменти кога момчето не размислува за секс се тие неколку минути по сексот. Токму затоа нежните милувања и шепотења, поради кои жената се чувствува посакувана долго по сексот, прилично се уверителни знаци на долговечна врска. Припиените тела, убавите зборови и внимателните гестови по водењето љубов се неопходна завршница на секоја игра.