Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тантричкиот секс пристигнува од хиндуистичката традиција, Тантра стара преку 5000 години, а нуди поинакво искуство од класичниот секс. Како што пишува „Космополитен“, се смета дека тантричкиот секс е облик на интимност благодарение на кој партнерите остваруваат нови канали по пат на кој нивните сексуални енергии се поврзуваат и на тој начин оживуваат ново ниво на страст.
Тантричкиот секс се советува на сите оние кои сакаат да испробаат нешто ново, да го продолжат времето на сексуалното задоволство, нуди на партнерот нов врв и длабоко емотивно и физичко поврзување со својот партнер.
Тренерот по тантрички секс и тантричкиот терапевт, Алексеј Кузмин, ја објаснува предноста од тантричкиот секс:
„Во тантричкиот секс луѓето во принцип подобро се чувствуваат по сексот ако не доживеале оргазам. Ако не се базираат на самата екстаза на оргазмот, можат да доживеат повеќе енергија, виталност, љубов и атракција во текот на сексот. Наместо луѓето да создаваат притисок би требало да ја впијат самата сензуалност на сексот во себе и да ја задржат. Срцето е секауален орган и луѓето би требало длабоко да дишат внесувајќи сексуална енергија во своето срце – она место каде се чувствува љубовта. Во прашање е едноставен фокус поради кој луѓето се чувствуваат среќно и исполнети по сексот. Исто така, така канализираат и ја доведуваат во рамнотежа својата сексуална енергија која не опушта во текот на сексуалниот чин. Тантричкиот секс се базира на присутност. Не треба да се грижите за постигнувањето на оргазмот. Базирајте се на деталите, на чувствата, звуците и се врзано за вашиот партнер. Вака поинтензивно ќе ги преживувате сите чувства. Ако сакате повеќе да уживате во се треба да се забави ритамот. Со времето луѓето можат да го почувствуваат партнерот дури и кога не се експонира. Во тантричкиот секс целта е да се постигнат оргазмички бранови, а не само еден врв. Во сексот кој се базира на оргазам, кој воедно е и ослободување на енергија, доаѓа до нагло паѓање. Оргазмичките бранови пак, подолго траат, посилни се и нудат повеќе задоволства“, вели терапевтот.