Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лошото расположение и однесување на Мурињо уште за време на предсезоната започнало да влијае лошо на играчите и на целата атмосфера во тимот.
Тоа сериозно го налутило раководството на клубот, бидејќи до почетокот на сезоната остануваат уште десетина дена, а во редовите на „црвените ѓаволи“ владее полн хаос.
Мурињо воопшто не крие дека е разочаран со трансферната политика на Вудворд, а во исто време ги критикува отворено своите играчи. Дури и оние кои се верни на Мурињо во последните две сезони, се загрижени од случувањата.
Меѓу играчите доста негативно е прифатен фактот дека Мурињо ја критикуваше јавно физичката состојба на Антонио Валенсија само неколку дена откако му ја даде капитенската лента.
Неговиот однос со другите играчи пак се благо речено затегнати. Антони Марсијал не замина за САД, бидејќи оваа недела ќе стане татко по втор пат, но менаџерот изјави дека и покрај тоа би требало да тргне кон Америка.
Според извори во клубот, голема улога за чудното расположение на Мурињо има заминувањето на неговиот долгогодишен помошник и близок пријател Руи Фарија.
Во исто време, според букмејкерите, Мурињо е фаворит за прв отпуштен менаџер во Премиер лигата.
Should he stay or should he go? #mufc https://t.co/u9UdCjLlYg
— Man United News (@ManUtdMEN) July 30, 2018