Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонското Собрание денеска ја донесе одлуката за распишување референдум за името. Тој ќе се одржи на 30 септември и ќе биде консултативен.
„Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Реупблика Македонија и Република Грција?“ На ова прашање и официјално граѓаните ќе одговараат на 30 септември.
68 пратеници гласа за, опозицијата ја напушти салата за гласањето, а не ги образложи ниту сопствените амандмани. За власта одлуката е историска, за опозицијата е силување на демократијата и манипулација на граѓаните.
Референдумот треба да го организира новиот состав на ДИК. Новоизбраните членови денеска дадоа свечени изјави во Собранието и се со привремен мандат од шест месеци. Партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел – со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.