Скокачите од мостарскиот Стар мост по 452. пат импресионираа со своите скокови


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Храбрите скокачи од регионов, вчера по 452-ри пат се собраа за традиционалното скокање од Стар мост во Мостар.

На традиционалните скокови учествуваа голем број скокачи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Србија и голем број туристи.

Мостарската „ласта“, категорија на скокање „на глава“ со раширени раце, најпредизвикувачкиот скокачки стил во целокупното натпреварување, беше пресуден на овој адреналински спектакл, кој опстојува веќе четири и пол века, спојувајќи го наоколу раздвоениот Мостар.

Победник на скоковите беше Лоренс Листо, кој ја одбрани минатогодишната титула и триумфираше по 12-ти пат, еднаш помалу од легендата Емир Балиќ. Листо претходно најави дека планира да го достигне тој рекорд, а дека после тоа ќе престане да се натпреварува.

Во скоковите на нозе победи Игор Казиќ, а најмлад скокач беше 16-годишниот Емил Петровиќ.