Шокантно: Гром удри во нејзиниот мобилен додека снимаше бура


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Трејси Катлоу со својот паметен телефон, од прозорецот на својата соба симаше бура која полека се приближуваше до нејзиниот град, без да помисли на евентуалната и минимална опасност на кој се изложува со тоа.

На неверојатната снимка, која ја објави на Фејсбук се гледа моментот кога нејзиниот телефон го погодува гром. Шансите да се случи тоа е една спрема 700.000, а тоа да ви се случи додека држите телефон во рака е уште помала. меѓутоа Трејси од Шкотска токму тоа го доживеа.

Таа во четвртокот вечер од прозорецот во својот стан ја снимала бурата, а потоа гром и го погодил телефонот и и го турнал од рака. Телефонот продолжил да снима, а во позадина на снимакта се слуша Трејси како неколкупати повторува дека само што ја погодил гром.

„Сакав да го снимам облачното небо, надевајќи се дека ќе фатам некој молња, но не мислев дека ќе ме удри мене. Молњата удрила во продолжението за држење на маската на мојот телефон. Мислам дека тоа ми го спаси животот инаку телефонот ќе експлодираше“, рече Трејси.

„Навистина, ми експлодираше сијалицата во кујна“, рече таа и додаде дека по ударот чувствува болки и прободување во левата рака.

„Немате поим колку е силна молњата, се уште чувствувам болка од малиот прст до лактот. Кога ме удри изгледаше како некое силно сино светло. Животот ми прелета пред очи, го фрлив мобилниот и почнав да врескам“, рече Трејси.