Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американскиот претседател Доналд Трамп, после средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на својот Твитер профил се пофали со фотка на која Јункер го бакнува него, коментирајќи на неа: „Очигледно е дека Европската Унија, која ја застапува Јункер, и Соединетите Држави, кои ги застапувам јас, се сакаат!“
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Доналд Трамп прв него го бакнал на средбата во Вашингтон во средата, коментирајќи ја фотографијата која американскиот претседател ја објави на Твитер и која веднаш предизвика бројни коментари.
Фотографијата снимена на средбата на двајцата лидери кои во Белата куќа разговараа за трговија, Трамп истиот ден ја објави на Твитер.
Трамп и Јункер на фотографијата се бакнуваат во образ, а американскиот претседател е свртен со грб а претседателот на ЕК го гушка околу вратот.
„Необично е и спротивно на моето вообичаено однесување што иницијативата не дојде од мене“, ѝ се довери Јункер вчера на германската телевизија АРД.
Obviously the European Union, as represented by @JunckerEU and the United States, as represented by yours truly, love each other! pic.twitter.com/42ImacgCN0
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 25, 2018
„Не знаев дека во Овалната канцеларија има уште еден фотограф, но успеа да ја пренесе атмосферата на средбата. А фотографијата ја објави Трамп, а не јас“, додаде Јункер.
По повеќемесечната тензија Трамп и Јункер во средата склучија одреден вид трговско примирје. Сè додека ЕУ и САД преговараат, Трамп ќе ги повлече своите закани за воведување царини на европските автомобили. Јункер пак вети дека ќе го зголеми увозот на американска соја и течен гас во Европа.
На 63-годишниот Јункер таквиот резултат му овозможи во втор план да го турне неговото однесување на неодамнешната вечера со лидерите на членките на НАТО, на која наводно бил поприлично пијан.
Холандскиот и португалскиот премиер морале да го придржуваат Јункер, а потоа го ставиле во количка. Претседателот на Европската комисија кажа дека не се сопнувал поради алкохол, туку поради проблеми со грбот.