10-те најдобри акциони филмови на сите времиња според критиката


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Акционите филмови се еден од најпупларните комерцијални филмски жанрови. Адреналинот и атрактивните сцени од тој жанр привлекуваат широк поширок спектар на публика од било кој друг филмски жанр.

На популарната страница Rotten Tomatoes таквите филмови се вбројуваат во категоријата Action & Adventure, а Business Insider склопи топ листа од најдобрите десет акциони филмови според критиката од споменатата страница. Од листата се исфрлени анимираните филмови и сите други кои повеќе се приклонуваат кон она „авантура“ (Adventure) од категоријата, разделувајќи ја акцијата од авантурата.

10. Lawrence of Arabia (1962.)

Критичари: 98%

Публика: 93%

Според критиката – „еден од најинтелигентните, најубави и највлијателни воени епови“, пишува Chicago Reader.

9. The Treasure of Sierra Madre (1948.)

Критичари: 100%

Публика: 93%

Критиката вели – „ликовите се длабоко обработени, не психоаналитички, туку низ човечките конфликит, акцијата, гестовите и изразите на лицата“ – Variety.

8. Seven Samurai (1954.)

Критичари: 100%

Публика: 97%

„Епските сцени со коњицата и самураите уште се ненадминати“ – вели критиката од Time Out.

7. Baby Driver (2017.)

Критичари: 93%

Публика: 86%

„Сензација на Едгар Рајт од почеток до крај. Филмот е благословен со убиствени автомобилски брканици, а Ансел Елгорт во нив стана вистинска ѕвезда. Има најдобар саундтрак на годината, а во кино нуди врвна забава“ – Rolling Stone.

6. Star Wars: The Force Awakens (2015.)

Критичари: 93%

Публика: 87%

„Абрамс со овој филм го започна еден од најважните проекти на нашето време – целосно бришење на Фантомската закана и неговите продолженија од културната меморија“ – The Atlantic.

5. King Kong (1933.)

Критичари: 98%

Публика: 86%

„King Kong е производ на бројни доста живописни фантазии“ – New York Daily News.

4. Logan (2017.)

Критичари: 93%

Публика: 90%

„Категоријата филмови со супер-херои стана досадна откако се популаризираше, но Logan нуди бегство од бегството, ги обновува човечките елементи во блокбастерите и го враќа чувството на филмовите со Клинт Иствуд од ’70-те години“ – New York Post.

3. Wonder Woman (2017.)

Критичари: 92%

Публика: 88%

„Ова не е само триумф на жените, туку сеопшт триумф. Ова е доста забавен филм со возбудлива акција, добар хумор, романтика и со неверојатната Гал Гадот во главната улога“, Newsday.

2. Metropolis (1927.)

Критичари: 99%

Публика: 92%

„Малку се филмовите, било кога снимени, кои се олку визуелно возбудливи“ – Chicago Sun-Times.

1. Mad Max: Fury Road (2015.)

Критичари: 97%

Публика: 85%

„Шокантно е колку Mad Max на крајот станува благ. Филмот се свива во таа нежност во една од најсликовитите акциони екстраваганции во последниве години. Ќе ви ја врати вербата во филмовите“ – Boston Globe.