Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реалната „сапуница“ за животот на младите и богати Британци, „Made In Chelsea“, е доста популарна во Велика Британија, а новата летна сезона од оваа сериско шоу е снимена на хрватскиот остров Хвар.
„Made In Chelsea“ е високобуџетно реално шоу кое изобилува со секс, кавги, драми и разузданост, сето тоа подигнато на повисоко ниво, бидејќи станува збор за припадници на повисоката класа од англиското општество. Богатите Англичани два месеци аздисуваа и се забавуваа на Хвар, лумпувајќи по ноќните клубови и на приватните јахти.
Британците сè повеќе сакаат да ја посетуваат Хрватска, а тоа очигледно продуцентите го препознаа како одлична можност за снимање на реално шоу.
Емитувањето на оваа сезона од шоуто почнува на 6 август.