Под површината на Марс откриено солено езеро?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според наводите на истражувачите кои посветено ја анализираат „Црвената планета“, под површината на Марс наводно е откриено езеро со солена вода, со што се зголемува можноста за откривање на живот на црвената планета, пренесуваат светските медиуми.

Во истражувањето, објавено во магазинот „Science“, не се прецизира дали станува збор за подземен базен или резервоар.

„Ако овие научници се во право, тогаш ова е прв доказ за постоењето на вода на Марс“, изјави Кејси Стурман, геофизичар од универзитет во Тексас.

Откриеното езеро се наоѓа под јужната поларна ледена капа на Марс, на длабочина од 1,5 километри, а широко е околу 20 километри, пренесува „BBC“.

Езерото, кое е слично на оние кои можат да се пронајдат на Земјата, под антарктичкиот мраз, откриено е од страна на италијански научници.

„Тоа веројатно сепак не е големо езеро“, вели професорот Роберот Оросеи од италијанскиот национален институт за астрофизика, кој го водеше истражувањето.

Останува да ги почекаме деталите од истражувањето, кое може да биде знак за големо откритие на Марс.