Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кинеските државни медиуми објавија дека вкупно 15 лица се уапсени поради лажирање на податоците во производството на вакцини против беснило.
Меѓу уапсените се наоѓа и извршниот директор на компанијата, Чанчун Чанхгшенг Лајф Сајенсиз, кој е обвинет за лажирање на производството и инспекциските извештаи, откако инспекторите ненајавено дошле во седиштето на компанијата.
Кинеската телевизија ЦЦТВ објави дека се уапсени уште 14 други директори. Претседателот, Сиј Џинпинг и премиерот Ли Кечианг итно бараа истрага и истакнаа дека владата е загрижена поради бесот на јавноста, поради низата скандалио во врска со здравството, особено оние во врска со здравјето на децата.
Светската здравствена организација го поздрави барањето на кинеската влада и наеде дека „потенцијалните ризици можат да се избегнат кога регулаторниот надзор работи добро“.