Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Главна тема на Апенините е спектакуларното враќање на Леонардо Бонучи во Јувентус, само една година откако беше прогласен за најголем предавник.
Бонучи сака да се врати во Јувентус, преговорите се веќе во напредна фаза, а италијанските медиуми откриваат дека „бјанконерите“ се согласиле да го вратат „блудниот син“ само под два услови.
Имено Бонучи ќе треба да се откаже од високата плата која што ја има во Милан, додека вториот услов е писмено да се извини на навивачите.
„Бонучи имаше некоректни изјави при заминувањето, како и несоодветно однесување по постигнувањето на голот за Милан на гостувањето во Торино. Ако сака да се врати, подготвени сме да разговараме, но најпрвин ќе треба да стори две работи – јавно да им се извини на нашите навивачи и да се согласи на помала плата“, наводно бил ставот на „старата дама“.
Дефанзивецот е спремен да ги исполни овие два услови, па неговото враќање во Торино е само прашање на време.