Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристиано Роналдо е медицинско чудо, што потврдија и медицинските тестови при неговото доаѓање во Јувентус.
Роналдо има 13 години помладо тело. На медицинските тестови било утврдено дека биолошката структура на неговото тело е како на 20-годишник.
Имено, тој има само 7% телесни масти, а најниска граница кај врвните спортисти е 10%. Притоа, 50% од неговата телесна маса е мускулатура, што е импозантно бидејќи крајната граница кај спортистите е 46%.
Роналдо, иако има 33 година на Светското првенство потврди дека се наоѓа во извонредна форма каде трчаше најбрзо со брзина од 33.98 км/ч.
Во Реал неодамна на тестирањата процениле дека Роналдо има тело на 23-годишник, но Португалецот во меѓувреме успеал да „подмлади“.