На денешен ден почина Методија Андонов Ченто


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На денешен ден пред 61 година згасна животот на еден од најголемите македонски великани, првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто. Осуден од комунистичките власти по Втората светска војна, на долгогодишна робија во затворот Идризово каде што се разболe и набрзо умре на 24.07.1957г.

На денешен ден, 24 јули, 1957. година во Прилеп умре Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, беше осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

Долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

Умре како маченик, а бил рехабилитиран во октомври 1990 година. Роден бил во Прилеп, на 17 август 1902 година.