Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најмалку 20 жртви и најмалку 69 хоспитализирани од над 100 повредени лица е досегашниот биланс од пожарите кои ја зафатија околината на Атина, пренесува во изјавата портпаролот на грчката влада.
Нови објави од грчки официјални лица за повредени и мртви има на секој час. Хеликоптер и брод на крајбрежната стража го пребаруваат морето во близина на градот Рафина, североисточно од грчката престолнина Атина.
Крајбрежната стража почнала да трага по добиеното на известување од данските власти, кои пак добиле повик од некого во Грција, кој ги известил дека се наоѓа во група од 10 лица кои избегале од шумскиот пожар во брод.
Грција побара меѓународна помош за справување со пожарите во близина на главниот град кои уништија десетици домови, изгореа автомобили и ги натераа туристите и Грците да бегаат на плажите источно од Атина за драматични спасувања со бродови.
Три населени места беа евакуирани, а речиси два километри долгиот дел од двата автопат кои го поврзуваа Пелопонез со Централна Грција беа затворени поради пожар. Пожарникарите се борат да ја заштитат населената зона околу дваесет километри северно од главниот град.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас итно ја прекина посетата на БиХ поради вонредната ситуација во Атина. Беше прогласена вонредна ситуација.
Извор: Мкд.мк