Пеколот зема жртви во Јапонија – досега 44 мртви


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најмалку 44 поччинати лица е досегашниот биланс од големите жештини кои веќе со недели ја пустошат Јапонија.

Само вчера од топлина умреле 11 луѓе. Во центарот на Токио вчера биле измерени 38 Целзиусови степени, додека во блискиот Камагаја температурата стугнала до дури 41,1 степен, што е воедно и највисоката температура некогаш измерена во Јапонија.

Според најавите на метеоролозите, пеколните жештини ќе продолжат во следните денови, и тоа на поголемиот дел на островите Хоншу, Шикоку и Кјушу, додека на Хокаидо се очекуваат температури поприкладни за овој период од годината.

Локалните власти ги предупредија жителите да не излегуваат на улица по најголемите жештини. „Опасноста од топлото време е екстремно висока. Заштитете се, пијте многу вода и избегнувајте излегување на сонце и користење клима уреди“, се вели во соопштението.

Токиските служби за вонредни ситуации соопштија дека вчера на терен имало 3.100 возила на брза помош, најмногу во еден ден од 1936 година.

Аналитичарот на Акјуведер Џоел Маерс кажа дека верува дека од жештинит во Јапонија умреле веќе неколку стотици луѓе, иако официјалните бројки покажуваат дека бројот засега е 44. Тој напоменува и дека верува дека бројката ќе расте.

Извор: Мкд.мк