Во Венеција веќе не можеш „да бидеш селјак кај што ќе ти текне“ – еве што не смеат да прават туристите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Така барем сметаат градските власти судејќи според новите одредби и рестркции кои ги воведуваат за централното градско подрачје, каде нема да можете да јадете сендвич, да возите точак и да правите уште некои работи. Демек, овие работи, по нашки кажано, се „сељачки“, па нема да биде дозволено да се прават во центарот на градот.

Многумина  овој потег го сметаат за непријателски настроен гест кон туристите, а други за мерка со која градот ќе се заштити од уништување, додека трети сметаат дека ова е само маркетиншки трик на локалните власти.

Што и да е во прашање, кампањата #EnjoyRespectVenezia што почна минатото лето, продолжува и годинава.

Кампањата е насочена кон промовирање на пристојно однесување на туристите, а освен хаштагот на социјалните мрежи, промотивни постери има и низ целиот град.

Посетителите на познатиот италијански град на вода се потсетуваат дека не смеат да пливаат во каналите, да прават пикник на јавно место, да не се задржуваат предолго на мостовите, да не ги хранат гулабите, да не оставаат ѓубре зад себе, да не возат велосипед низ Венеција и да не се шетаат по костими за капење.

Мерката што предизвика најсилни реакции како кај туристите, така и кај локалното население, е воведувањето на посебна контрола на улиците и плоштадите. Контролорите носат маици или елеци со препознатливиот слоган #EnjoyRespectVenezia и ги предупредуваат туристите кои на пример, јадат сендвич на отворено на плоштадот Свети Марко, дека тоа е прекршок и ги упатуваат кон локации на градот каде е дозволено да се јаде на јавно место.

Туристите честопати просто не можат да поверуваат дека околу плоштадите има места кои продаваат храна за носење, а не смеат да јадат на отворено во јавност.

Контролорите засега само ги предупредуваат посетителите, а во случај на бурна реакција може да викнат полиција и да наплатат казна од 25 до 500 евра.

Тим од 15 контролори патролира низ центарот на градот и внимава на однесувањето на туристите кои ги има во бројки и до 60.000 дневно.

Сепак, многу локални жители не се задоволни од кампањата.

„Градот има многу посериозни проблеми од уморни туристи кои се одмараат покрај каналите и јадат сендвич. Она што би имало навистина смисла е целосна забрана за доближување до градското пристаниште за големите бродови за крстарење“, реагираат локалните жители.