Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на кои упатила првичната евалуација, ресорното министерство одлучи да ја прекине тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи.
„Во следниот период ќе продолжиме со имплементација на планот за централизација, а со тоа и обезбедување на големи заштеди во овој дел од набавките“ – рече Филипче и ги повика и компаниите кои работат во оваа сфера да ги намалат цените на реагенсите, зашто, како што рече, имале разговори заради тоа што пазарните вредности се многу помали од тоа што сега во моментов се користи.