Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Времето во Македонија повторно ќе се расипе и дестабилизира. Од денеска следува период на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси.
Ќе дува засилен северозападен ветер, а дневната температура од утре значително ќе се намали.
Дневната температура ќе се движи од 28 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер со максимална дневна температура до 33 степени.