За јаки фотки од летниот одмор следете ги советите од професионалецот Мајкл


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Професионалниот фотограф Мајкл Фар сподели десет совети за тоа како да ги направите најдобрите фотографии за време на вашиот летен одмор, користејќи го својот смартфон.

1.Добро запознајте ги функциите на камерата на телефонот – Raw, Monochrome, Night, Super slow motion, Portrait, Aperture, HDR, Panoramic, Light Painting, Time-lapse… Пред патувањето добро запознајте се со секоја од наведените опции.

2.Вложете во екстерна батерија – Поголемиот број денешни смартфони немаат долг век на батеријата, а ако предвид го земете непрестаното барање интернет сигнал, сликањето и активирање мапи, тогаш мобилниот полнач ви е неопходен.

3.Купите додатоци – Ако сакате фотографиите да ги однесете на следно ниво, тогаш набавете аксесоари, како додаток за „фиш ај“ ефект.

4.Добро светло ја претвора фотографијата во чиста магија. Некои телефони се дизајнирани така, да ја фатата магијата и при лошо осветлување, но непрестаната потрага за добро светло всушност е она што со што фотографите се занимаваат.

5.Телефоните се многу помали од камерите – предност е што навистина можете да фотографирате од агли од кои со апарат тоа не може да се направи. Немојте само да го вперите телефонот и да сликате – бидете креативни, од горе, од долу…

6.Средите ги фотографиите – нагласете го светлото, истакнете го контрастот, играјте со нив, а на Гугл-плеј и АпСтор има толку апликации за тоа, што нема да знаете да издвоите една.

7.Користете го „Portrait mode“, но не само за портрети – овој режим е совршен за истакнување на субјектите кои ги сликате и замрачување на позадината која можеби не е толку интересна. Овој режим одлично функционира кога фотографирате од блиску, бидејќи сликата ќе изгледа попрофесионално.

8.Сликајте во режимот „Raw“ зашто тоа значи дека ќе добиете слика од 40 мегабајти, а со тоа и таа ќе биде поквалитетна.

Користите „Image Stabilization“ додека снимате видео, бидејќи оваа опција ќе ви помогне снимката да биде поквалитетна при снимање на движења.

10.Патувајте со луѓе кои имаат трпение – зашто, да не се лажеме… има луѓе кои затајуваат во секој момент и бараат некој да ве слика вам. Само една напомена – немојте веднаш да барате интернет за да ги закачите сликите што е можно побрзо. Не пропуштајте го дружењето со луѓето, фотографиите можат да се закачат во кое било време.