Џеј Ло го има рецептот: НЕ за мажи помлади од 33 години (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џенифер Лопез е убедена дека момците се бескорисни додека не наполнат 33 години.

Со оглед на шаренилото друшствени момци со кои била во врска и брак, меѓу кои и Пи Диди, Бен Аглек и Марк Антони, „Jenny From The Block“ смета дека знае нешто за критериумите за избор на совршен маж.

Така прифати да учествува во серијалот, „Swipe Session“, кој го креираше Тиндер, а во него помогна на девојка под име Брук да најде маж.

Освен што ја советувала да откачи тип кој во својата биографија напишал дека не може да биде со жена која чува кечап во фрижидерот, Џенифер откри и дека мисли дека не вреди да се плетка со момци помлади од 33 години.

https://www.instagram.com/p/BlGOf05Htjs/?taken-by=jlo

Докторката од Њујорк, Џејн Грир, која напиша книга „Што со мене?Нека себичноста не ви ја уништува врската“, донекаде се согласува со Џенифер.

„Момците до 30тите градат кариера и ја осигуруваат финансиската стабилност, поради што по 30. се посирурни во животот. Поради тоа имаат зрелост која доаѓа со постигнувањата, искуството и успехот“, истакна докторката.

Многу мажи во 20тите одат од врска во врска, а потоа кога ќе наполнат 30, запознаат жена и се подготвени да се оженат, заклучи Грир.