Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атлетико Мадрид денес и официјално го претстави новото засилување, играчот за врска Родриго Ернандес – Родри.
22-годишниот играч за врска последните три години играше во Виљареал, а „јорганџиите“ за неговиот потпис платија 20 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.
„Секогаш сонував да се вратам да играм за Атлетико. Би сакал да успеам да освојувам трофеи, за тоа сум тука“, изјави Родри, кој потекнува од школата на Атлетико.
„Мислам дека Атлетико ќе се бори за секоја титула. Ние сме меѓу петте или шесте најдобри тимови во Европа и според мене го имаме најсилниот тим во Примера“, заклучи Родри.
Родри треба да биде замена за Габи Фернандес и ќе го носи токму неговиот број, дресот со број 14.
?¡Arranca la presentación de Rodrigo en el auditorio del Wanda @Metropolitano!?⚪?#AúpaAtleti #BienvenidoRodrigo pic.twitter.com/rrcTpwuszM
— Atlético de Madrid (@Atleti) July 20, 2018