Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со новата колекција парфеми која Ким Кардашијан ја лансираше пред извесно време, милионите долари веќе почнаа да „течат“ на сметката од старлетата.
Но, оваа бизнис и модна идила може да ја наруши тужбата која Ким ја заработи од Vibes Media поради дизајнот на амбалажата од нејзината нова линија парфеми.
Тие ја тужат Ким дека им го украла логото кое фраерите уредно си го заштитиле и регистрирале уште во 2012 година.
Од Vibes бараат обештетување за нанесување на повреда на авторски права и повлекување на целата линија парфеми со спорна амбалажа.