Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватската пејачка Франка Балетиќ има потреба од малку опуштање пред свадба со својот вереник Ведран Ќорлука, која е закажана за овој викенд.
Убавата пејачка која ја претставуваше Хрватска на годишениот Евросонг, замина во родниот Рабац.
„Најпосле мир во ова лудило. Море, фала ти“, напиша Франка објавувајќи фотографија на Инстаграм. По опуштањето следувала забава со пријателките.
Фудбалерот и пејачката ќе стапат во брак по шест години врска, а свадбената прослава ќе се одржи во познатата вила во која се венчале и Нина Бадриќ и Северина.
Имотот на кој се наоѓа вилата се простира на 120.000 метри квадратни, а е опкружен со медитеранска вегетација, маслинки и виноград. Изградена е од истарски бел камен, а нејзината вредност се проценува на над 28 милиони хрватски куни.