Во Тимјаник денес се отвора мал дом за деца со пречки во развојот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во неготинското село Тимјаник денеска ќе биде отворен мал групен дом во кој ќе бидат сместени неколку деца од Специјалниот завод лоциран во Демир Капија.

На отворањето на домот е најавено учество на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ и на ОН во Македонија   Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на Неготино Тони Делков и граѓански организации.

Со Проектот за деинституционализација на 216-те штитеници од Специјалниот дом во Демир Капија, поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и Европската Унија, се предвидува во рок од две-три години, нивно преместување во мали домови во општини ширум Македонија, за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството.