НАЈНОВАТА АНКЕТА ПОКАЖУВА: Македонците против промената на името заради влез во НАТО и ЕУ!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најновата анкета што за потребите на порталот МКД.мк ја направи агенцијата Маркет Висион несомнено покажува дека мнозинството од Македонците се против промена на името на Македонија заради можното членство во ЕУ и НАТО. Дури и добар дел од Албанците би се спротиставиле на можна промена на името!

Анкетата која за МКД.мк минатата недела ја спроведе агенцијата Мaркет висион покажа дека на прашањето „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име“, 52,1 % од граѓаните ќе одговорат негативно, а 47,9 отсто позитивно.

Расположението на македонските граѓани измерено минатата недела покажа дека 54,1 отсто од анкетираните не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името на Република Македонија, а 45,9 се за тој договор. Кога овие резултати ќе ги распределите на 1.200-те испитаници според националната припадност, големи се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците.

Анкетираните Албанци (25% од 1.200 испитаници) сметаат дека договорот со Грција е добар – 94,7 %. Од нив 5,3 отсто одговорија дека не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името, а кај Maкедонците тој процент е 74,5. 25,5 отсто од анкетираните Македонци сметаат дека договорот со Грција е добар. Освен кај Ромите и Србите, кај сите други националности (Турци, Власи, Македонци муслимани, Босанци) мнозинството е за договорот.

Таков е односот во однос на сите прашања на телефонската анкетата спроведена од агенцијата Маркет висион од 9 до 15 јули.

На прашањето дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име, против се 52,1 %, а за се 47,9 % од испитаниците. Според националната припадност на анкетираните, одговорите и на ова прашање меѓу Албанците и Македонците се сосема различни.

Кај Македонците против членството во ЕУ и НАТО со променето име се 71,7% (28,3 отсто се за), а кај Албанците тие проценти се – 94,7 отсто се за членство во ЕУ и НАТО со променето име, а само 5,3 отсто од анкетираните се против.

Кај другите националности таа бројка е – 55,5% се против, а 44,5% се за.

49,6 отсто од анкетираните се убедени дека НАТО и ЕУ ќе донесат подобар живот, а 41,5 % не се согласуваат со тоа. Тука се и 8,9 отсто од анкетираните кои сѐ уште не знаат. Од Македонците со ова се согласуваат 34%, а 56,4% сметаат дека нема да биде ништо од подобриот живот ако се зачлениме во ЕУ и НАТО. Кај Албанците одговорот на ова прашање е сосема поинаков – 85,8 % велат дека со ЕУ и НАТО ќе имаме и подобар живот, а со тоа не се согласуваат 6,6 отсто од испитаниците.

Кај другите националности, 57,8 отсто се сигурни дека ќе имаме подобар живот со ЕУ и НАТО, а 34,4 отсто сметаат дека ништо од тоа.

Сите резултати од анкетата прочитајте ги на МКД.мк.