Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот брачен пар Викторија и Дејвид Бекам вчера со хеликоптер отпатуваа за Свети Стефан, каде престојуваат деновиве, а она што е интересно е што „ледената кралица“ во Јадранското море ниту еднаш не влезе, бидејќи како што се наведува, водата за неа била премногу солена.
Викторија и Дејвид Бекам со децата одмараат на Свети Стефан, а во Црна Гора планираат да купат луксузен недвижен имот.
Имено, некогашниот фудбалер букирал апартман од 200 квадрати на последниот спрат на еден луксузен комплекс во Будва.
„Престојуваа на Свети Стефан, но во план им е обиколка низ приморјето. Особено им се допаднала Будба и се распрашувале за инвестиција во луксузниот комплекс кој има спа центар“, вели избор близок на парот.
Црна Гора им се допаднала бидејќи луѓето на улица не ги застануваат и можат нормално да се движат.