Заев, Ахмети, Мицкоски и Касами седнаа на денешната лидерска средба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес на пладне, во Клубот на пратеници, во потесен состав, започна лидерската средба за подготовките за референдумот за Договорот со Грција.

На средбата дојдоа лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса, а партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците не доби покана.

Прв на средбата пристигна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а по него премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, заедно со Радмила Шекеринска. По нив стигна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прудружуван од професорката Тања Каракамишева, а потоа и Билал Касами од Беса.

Лидерската средба во овој формат се одржува на барање на Мицкоски кој вчера по само еден час замина од Клубот на пратеници.