Новковски: Референдумското прашање мора да биде само за промена на името на Македонија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не може да се постави прашањето: „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?”, реагира професорот Ненад Новсковски, поранешен министер за образование на својот фејсбук-профил по вчерашниот предлог за можното референдумско прашање од страна на премиерот Зоран Заев.

„Договорот што е потпишан експлицитно бара на референдум да се потврди договорот – по потпишувањето на оваа спогодба, страните ќе ги спроведат следниве чекори: ‘втората страна без одлагање ќе ја поднесе Спогодбата до Собранието за ратификација… втората страна, доколку така одлучи, ќе одржи референдум’.

Оттука, согласно соговорот, прашањето мора да гласи – сали сте за прифаќање на Договорот со Грција?

Значи или ова прашање или нема референдум“, напиша Новковски на својот фејсбук-профил.

Инаку можното референдумско прашање на премиерот Заев крена огромна прашина во социјалните мрежи, каде што се тврди дека е манипулативно, а покрај тоа и противзаконско (прочитајте ОВДЕ).