Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Некогашната број еден Плејбој зајачица, ѕвезда од „Чуварите на плажата“ и активистка за права на животните, Памела Андерсон, упати критики до своите сонародници, велејќи дека Американците се програмирани за сè да ја обвинуваат Русија, додека од друга страна, постапувањето кон Џулијан Асанж „претставува пример за тоа што Америка го прави кога станува збор за вистински информации и слобода на говорот”.
„Ние, во Америка, сме програмирани секогаш да мислиме дека ако нешто тргне наопаку, Русија е виновна за тоа”, вели Андерсон. „Луѓето мислат дека Русите се многу страшни…Тоа е непријатно”, додава таа.
Pamela Anderson Defends Assange and Putin: ‘Everything Is So Anti-Russia’ https://t.co/kXxhD0LUbB via @thedailybeast This woman is a 2nd string Marilyn Monroe who can’t can’t stop looking for a piece of pie.
— Seaperl Productions (@seaperlpro) July 17, 2018
Андерсон го повторила својот страв за Асанж, за кој не зборувала откако му бил исклучен интернетот и му биле забранети посети на 27-ми март. Таа тврди дека неговата кожа е проѕирна бидејќи не видел сончева светлина со години.
„Тој нема пристап до лекарства надвор од амбасадата”, рекла таа.