Од Американка ќарил 270.000 долари користејќи фотографии од бившиот албански амбасадор во БиХ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американските медиуми пренесуваат дека маж лажно користејќи се со фотографии од бившиот албански амбасадор во Босна и Херцеговина, Фламур Гаши, успеал преку интернет да измами Американка да му уплати 270.000 долари на неговата сметка, мислејќи дека ја пронашла љубовта на својот живот.

Дајен Аманда Стендиш, вдовица од Орландо, минатата година била убедена дека ја нашла љубовта на својот живот преку „онлајн“ платформата за состаноци Match.com. Меѓутоа, за само неколку месеци, нејзината љубовна заслепеност резултирала со тоа што цела нејзина заштеда му ја дала на маж со германски акцент, кој користел лажно фотографија од бившиот амбасадор на Албанија во Сараево.

 

„Никогаш не сум мислела дека можам да се вљубам во некого преку телефон. Но, тој ми кажуваше убави работи“, вели Стендиш.

На новинарите таа им раскажала дека мажот се претставил како Дарнел Мајкл, односно како германски бизнисмен кој работи на развивање проекти во Калифорнија. И покрај категоричното предупредување на веб сајтот Match.com корисниците да не им даваат пари на луѓето кои ги запознаваат онлајн, за само неколку месеци Стендиш извршила илјадници уплати на сметката од Мајкл.

Како што вели, тој тврдел дека западнал во тешка финансиска ситуација и дека му е потребна помош во врска со правните трошоци. Со прегледот на состојбата на сметката, утврдила дека на непознатиот човек за само неколку месеци му уплатила 270.000 американски долари.

На основа на фотографијата која ја користел Џери Мајкл, било утврдено дека станува збор за фотка од бившиот албански амбасадор во Босна и Херцеговина, Фламур Гаши. Мајкл на Match.com објавил фотографија од бившиот амбасадор пред црквата во Сараево.

Медиумите потсетуваат дека Гаши е оженет човек со три деца и дека веројатно не знае за злупотребата на неговата фотографија во „онлајн“ шема. Детективите кои го истражувале комплетниот случај ја известиле Стендиш дека е-меил преписката ги одвела до Јужна Африка и дека нема никакви шанси да си ги врати парите.