„Комити“ на протест бараа неселективна правда за Саздо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Барајќи неселективна правда и објективно известување, навивачката група „Комити“ вчера организираше протестен марш пред Министерството за внатрешни работи и пред Основното јавно обвинителство во Скопје.

Нивниот член, Никола Саздовски почина откако пред петнаесетина дена беше нападнат и брутално претепан од тројца напаѓачи во населбата Автокоманда.

Двајцата од напаѓачите веќе се во притвор, а по третиот полицијата се уште трага.