Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, со пристигнувањето во Владата, каде ќе присуствува на владината седница на која ќе се разговара за капацитетот и структурата на преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија, го означи почетокот на скринингот од ЕУ врз Македонија за членство во Унијата, пренесува Макфакс.
Хан ќе се сретне и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но и со собранскиот спикер Талат Џафери. Двете средби ќе бидат во Собранието. По завршувањето, тој заминува за Тирана.
Скриниг процесот ќе биде насочен кон судството, борбата против корупцијата, владеењето на правото, јавната администрација, безбедносните и разузнавачките служби.