Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Австралиската водителка со хрватски корени, Луси Желиќ, се расплака за време на преносот во живо додека читаше изјава од хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ.
„Ова не ги засега само 22-цата играчи кои се овде, нашиот тренер, стручниот штаб, новинарите, сите четири и пол милиони ќе бидат со нас на терен. Среќни сме и горди што се изборивме за финале. Тоа е неверојатно и треба да бидеме горди, покажавме заединштво во секој натпревар“, прочита водителката на австралиската ЅВЅ.
„Оваа е реченицата која ме скрши“, продолжи таа со читање: „Да постои доволно голем стадион да собере 4,5 милиони луѓе, тој би бил полн“, додаде таа и се расплака. „Се извинувам, но ова е навистина голема работа за Хрватите, ова нам многу ни значи“.