Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Да, обожавателите на филмот „Умри машки“, најпосле го дочекаа конечниот одговор дали филмскиот хит од 1988 година е божиќен филм.
Со оглед на тоа дека ликот кој го толкува Брус Вилис, Џон МекКлејн,ги посетува жената од која е разделен и нивните две деца на божиќна забава, верувале или не, на интернет со години се води расправа дали „Умри машки“ е всушност божиќен филм или не.
Во својот последен монолог во шоуто The Comedy Central Roast of Bruce Willis, актерот во неделата стави точка на таа дилема и дебата.
„Умри машки не е божиќен филм“, кратко и отсечно изјави тој на крајот од шоуто.
Другите гости кои го „печеа“ беа Едвард Нортон, Денис Родман, Сибил Шепард, Марта Стјуарт, а се појави и актерката Деми Мур, бившата сопруга на Вилис.
Шоуто ќе се емитува на 29 јули на Comedy Central.