Хит серијата води во трката за престижните награди Emmy за 2018


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хит серијата на НВО, „Game of Thrones“ води во трката за овогодинешните награди Emmy, најугледните американски телевизиски награди, со дури 22 номинации, вклучително и онаа за најдобра драмска серија.

По неа следуваат сатиричната емисија од NBC, „Saturday Night Live“ и SF серијалот на НВО, „Westworld“, со 21 номинација, па следува  The Handmaid’s Tale со вкупно 20 номинации.

Најмногу номинации собра стриминг сервисот Netflix, вкупно 112, а по него следат НВО со 108 и NBC со 78.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во Лос Анџелес на 17 септември, а домаќини ќе бидат Мајкл Че и Колин Џост од „Saturday Night Live“.

Откако минатата година поради доцнење со емитувањето „Game of Thrones“ не беа вброени во конкуренција за Emmy, оваа година се натпреваруваат за најдобра драмска серија со минатогодишниот голем победник, дистописката The Handmaid’s Tale, а во трка се и научно-фантастичната серија Stranger Things (Netflix), драмската серија за британската кралица Викторија, The Crown, семејната драма на NBC „This Is Us“, шпионската серија „Americans“ (FX) и футуристичкиот серијал Westworld.

Во категоријата комедија, хип-хоп серијата од тв мрежата FX, „Atlanta“ се брка со „The Marvelous Mrs. Maisel“ од Amazon, „Black-ish“ од АВС, серијалот за женското борење „Glow“, „Curb Your Enthusiasm“ од НВО, откачената комедија „Вarry“, техонолошката комедија „Silicon Valley“ и „Unbreakable Kimmy Schmidt“.