Босанец покажа како Балканците навиваат за Хрватска – еден детал ги налути Србите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Босанскиот „јутјубер“ Омер Надаревиќ Омчо објави видео со наслов „Како Балканците навиваат за Хрватска“, а набрзо под снимката настана расправа класична за ова наше балканско поднебје.

Омчо сакаше да прикаже како балканските земји ги следат натпреварите на хрватската репрезентација, а тука, освен Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Македонија, „во игра“ влезе и Косово, што предизвика револт кај многу српски YouTube корисници кои не ја поддржуваат независноста на таа земја.

„Момак, не знам што си имал потреба да го ставиш Косово тука, дури и ако повеќе од пола свет го смета Косово за независна земја, постои друга половина од светот според која тоа е дел од Србија. Ова не ти беше паметен потег, особено ако земиш во предвид дека добар дел од твојата публика се од Србија“, „Косово е Србија“ беа само дел од коментарите на видеото.