Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актуелниот шпански шампион Барселона денес официјално го потврди трансферот на Клемен Ленгле кој доаѓа од Севиља.
Ленгле одигра фантастична сезона со Севиља, па Каталонците решија да ја активираат неговата откупна клаузула која изнесуваше 36 милиони евра.
Ленгле денес стави потпис на 5-годишен договор со Барселона и во него ќе има откупна клаузула од 300 милиони евра.
Французинот кој веќе има 10 настапи за „триколорите“ пристигна во Севиља минатото лето и веднаш се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Примера.
Инетрес за него покажаа неколку европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид, но Ленгле на крајот ја избра Барселона.