Не можете да се разбудите?! – Можеби кафето не го испивте на правилен начин…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дали сте и вие, можеби, меѓу оние кои не можат да се разбудат наутро и покрај тоа што веќе сте го испиле кафето?

Покрај тоа што кофеинот им помага на луѓето да се разбудат, многумина ниту после утринското кафе не можат да се разбудат и тргнат во новиот ден.

Меѓутоа, истражувањето спроведено на возачите покажа дека оваа состојба може да се надмине. Најдобар трик за тоа е – уште сон.

Ескпертите од Лабараторијата за истражување на спиење при Универзитетот во Лафборо во Велика Британија, дојдоа до заклучок дека уште 15 минути сон, по пиењето на кафето, ја зголемува будноста.

На кофеинот му се потребни 45 минути да се свари. Тоа е меѓутоа, предолг временски период за спиење, бидејќи мозокот тогаш влегува во подлабока фаза на сонот. Истражувањето покажува дека најдобро решение за тоа е да се заспие уште 15 минути.

Кофеинот го блокира производството на соединението на аденозин, кое се повеќе се собира во организмот што е човек повеќе биден, и на крајот го успива.

Затоа, ако заспиете веднаш по кафето и успеете да ги избегнете последиците од тоа, ќе успеете да го измамите организмот, за подоцна полесно да се разбудите и бидете подготвени за нови дневни обврски.