Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
УЈП ја објави најновата листа со должници кон неа во која се вбројуваат фирми и физички лица, заклучно со 31.06.2018 година.
Вкупно 164,7 милиони евра е вкупниот долг на граѓаните и на фирмите кои се на листата на најголеми должници на Управата за јавни приходи (УЈП). Институцијата го објави последниот список на кој се најдоа 2.069 фирми и 1.812 физички лица.
Во јули вкупниот долг е за 1,5 милиони евра поголем ако се спореди со претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 162 милиони евра, додека за царински давачки е 2,2 милиони евра.
На оваа листа се долгови кои се доспеани до крајот на март. Фирмите должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, но и за придонеси.
Прв најголем должник е охридски Отекс чиј долг изнесува безмалку 14 милиони евра. Но должници се и јавни и комунални претпријатија. ЈП Македонска радиотелевизија должи на пример 1,6 милиони евра.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА