Анѓушев: Стечај е можно решение за „Еурокомпозит“ – вработените согласни


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вицепремиерот Кочо Анѓушев, истакнувајќи дека тоа не секогаш е лошо и негативно решение, изјави дека пуштањето под стечај на Еурокомпозит е една од опциите кои е разгледува за трајно решавање на проблемите во оваа државна компанија.

Според Анѓушев овој модел би бил подобар отколку да се чекало на приватизација на компанијата.

„Сметките на Еурокомпиозит се веќе подолго време блокирани, односно соглчасно законот за стечај тој ги исполнува условите да бидие во стечај, но тоа не го правиме се додека не се најде инвеститор кој што ќе предложи реорганизација на компанијата, онака како што се случи во ФЕНИ. Доколку најдеме разбирање со инвеститори, а со неколку такви веќе разговараме во овој период, за да не го чекаме долгиот пат на приватизација можеме да го примениме и вториот законски модел за санирање на состојбата во Еурокомпозит“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат со понудата компанијата да отиде во стечај и сметаат дека тоа е единственото решение како во случајот со „Фени“.

„Ваква понуда ние имавме при разговорите со премиерот Зоран Заев и со потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев и сметаме дека е единственото решение“, изјави претседателот на синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ Роберт Богданоски, по информацијата дека потпретседателот на Владата Анѓушев, стечајот го предлага како можно решение за фабриката, наместо долготрајниот процес на приватизација.

„Значи, прво да се најде купувач за фабриката, па да се пушти во стечај, купувачот да ја преземе фирмата со обврските спрема вработените, да се исплатат доверителите и другите трошоци“, вели Богданоски.

Вработените очекуваат до петок да ги земат тие 30.000 денари како две плати кои се одобрени преку позајмица.

„Што се однесува до пакетот за технолошки вишок, направени се списоците за 120 вработени и се испратени до Владата“, рече Богданоски.