Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И додека денес постојат голем број на диети кои се засноваат на калорискиот дефицит или одредена група на намирници, вистина е дека телесната маса може да се оддржува или да се намали со оброците на одредено време.
Оброците можат да зависат од изборот на намирниците, односно нивните содржини.
На многумина омилените јагленихидрати, како пецивото, тестенините, сладоледот можете да ги конзумирате без страв дека ќе го расипете слабеењето. Во тој случај клучно е јаглените хидрати да ги внесувате во текот на појадокот, а маснотиите би било најдобро да ги јадете во 10 изутрина.
Ако го практикувате ова правило ќе му пружите на организмот доволно време во текот на денот да ги потроши внесените калории.
А ако сакате да ослабете или да ја оддржувате моменталната тежина, најдобро е оброците да ги јадете точно во одредено време во текот на денот.
Така појадокот би требало да го имате еден час по будењето, ручекот како најважен оброк треба да следува четири и пол часа подоцна, а потоа по неколку часа вечерата.
Кај последниот оброк важно е да се придржувате кон едно правило, а тоа е да не јадете најмалку три часа пред заминувањето во кревет.