Дојава за бомба на стадионот каде што ќе играат Хрватска и Англија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекциите на Хрватска и Англија утре го играат полуфиналето на Светското првенство.

Ова полуфинале се игра во Москва на стадионот „Лужники“, а денес беа одржани редовните прес-конференции на двете репрезентации. Но на редовната процедура било внесено огромна доза на паника.

Имено, непозната личност предизвикал голема паника помеѓу присутните новинари со дојавата дека на стадионот „Лужники“ има бомба. Откако сите пристуни биле евакуирани, полицијата го пребара целиот стадион, по што било утврдено дека се работи за лажна дојава.

Набрзо се беше продолжено според планот и програмата, а новинарите се вратиле во прес-центарот каде што ја одржале редовната конференција.