Ципрас го демантира Заев: Нема етнички туку само граѓани Македонци (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Специјализираниот сервис на англиски јазик Makropolis кој го користат странските амбасади и компании во Грција открива што значи за грчкиот премиер можноста во договорот од Преспа граѓаните на северниот сосед да може да се нарекуваат Македонци.

За разлика од премиерот Заев и целата влада која со денови ги уверува граѓаните дека македонскиот идентитет, нација и јазик се заштитетни, грчкиот премиер со целосно спротивставени ставови, пишува порталот Експрес.

Makropolis во своето издание од саботата кое што до expres.mk пристигна од дипломати во Атина, пренесува дека лидерот на Неа Демократија Мицотакис во четвртокот го обвинил Ципрас дека ја предал македонската нација и јазик притоа тврдејќи дека националноста (Nationality) всушност значи етничка припадност.

За Ципрас националноста која што според договорот стои дека ќе биде означена како Македонци/граѓани на Република Северна Македонија не е ништо друго освен државјанство (citizenship).

Како што пренесува скапиот дипломатски сервис, за да ја докаже својата поента грчкиот премиер побарал од своите колеги пратеници лична карта и побарал тие и грчките граѓани да ја преведат кованицата Хеленска Националност (Hellenic Nationality).

Според сервисот грчкото значење на оваа кованица е државјанство или националност но никако не означува етничка припадност.

Со тоа Ципрас практично покажува дека тој никогаш не се согласил да постои македонски етницитет како што тоа сака да го прикаже македонската страна. Оваа вест досега во македонските медиуми не е објавена, прв ја објавува expres.mk.

Темата „македонската нација и јазик се забетонирани со договорот“ е главниот аргумент на владата на Зоран Заев во кампањата која што иако референдумот воопшто не е закажан, веќе започна пред се на социјалните мрежи.

Извор: Експрес.мк